Савески и Куновски добија нови 30 дена куќен притвор, судењето закажано во вторник

Членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски добија нови 30 дена домашен притвор, одлучи Кривичниот суд. Со оваа одлука тие остануваат втор месец во куќен притвор поради обвиненијата за демолирање на Народната канцеларија на Ѓорге Иванов.

Куновски и Савески се во домашен притвор од 25 април, и двајцата се товарат за „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“. Судот веќе еднаш одлучи да им го продолжи куќниот притвор поради сомневање дека ќе го повторат делото. Притворот им завршува утре, три дена пред закажанотo судско рочиште.

Претходно, Савески и Куновски изјавија за Радио МОФ дека нивниот притвор е политички мотивиран и има за цел да ги тргне од протестите и да ги заплаши останатите демонстранти, но порачаа дека нема да дозволат да бидат заплашени.

ПОВТОРНО ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО ЗА САВЕСКИ И КУНОВСКИ, ТИЕ ПОРАЧАА: НЕМА ДА НÈ ЗАПЛАШАТ