Роџер Вотерс планира да го свири „The Wall“ пред американско-мексиканската граница

Роџер Вотерс, еден од основачите на рок групата „Pink Floyd“, соопшти дека планира да го отсвири албумот „The Wall“ токму на американско-мексиканската граница.

Тој не е автор на албумот, но овој музички опус на бендот од 1979 година претставува алегорија на секоја реална структура во животот, па затоа Вотерс смета дека албумот е релевантен во однос на сегашната ситуација.

Во јули 1990 година, Вотерс го отсвири албумот во Берлин за да го одбележи падот на Берлинскиот ѕид, осум месеци претходно. Сега, тој сака да направи сличен концерт во знак на протест против планираниот ѕид на Доналд Трамп.

Во изјава за Франс Прес, Вотерс објаснува дека со изградбата на ѕидот ќе се создаде многу поголемо непријателство помеѓу луѓето со различна раса и религија. Тој истакна дека албумот зборува за тоа „како штетното градење ѕидови може да биде на лично ниво, но и на пошироки нивоа“.

Поради ова, Вотерс е спремен да го отсвири албумот во близина на локацијата каде Трамп планира да го изгради ѕидот.

„Прво треба да има будење против оваа екстремно десничарска политика“, вели тој.

„Музиката е легитимно место за изразување на протест, музичарите имаат апсолутно право и должност да ги отворат своите усти, да проговорат”, додаде.

Вотерс претходно ја спореди кандидатурата на Трамп со подемот на Адолф Хитлер во 1930 година во Германија, велејќи дека трампизмот е „исто толку опасен”, како фашизмот.