Расте бројот на студенти, паѓа вредноста на дипломата

Расте бројот на студенти, паѓа вредноста на дипломатаПоради се поголемиот број дипломирани студенти, наспроти фактот што над 50% од младите немаат работа, расте бројот на оние кои веруваат дека полека, но сигурно факултетската дипломата ја губи својата вредност.  Дипломата тие ја гледаат само како обично парче хартија, која не е претставува доказ за нивниот вложен труд и стекнато знаење. Голем дел студентите веруваат дека врските и партиската книшка се поважни за наоѓање работа.

Оние кои ги немаат се надеваат дека ќе успеат за заминат во странство. Дури 85% од студентите кои што завршуваат факултет ја напуштаат државата, факт кој што го потврдува Министерството за образование и наука.

Според професорката Татјана Ефтимоска, моќта на студентската диплома зависи од квалитетот на факултетот кој ја дава и колку знаење бара од студентот.Сепак, посочува таа, со зголемувањето на бројот на средношколци кои се запишуваат на факултет, се  зголемува само бројот на дипломирани кадри, но не и нивниот квалитет.

Како посебен проблем го истакнува и се поголемиот бројот на магистри кои излегуваат без соодветно знаење. Со тоа, вели Ефтимовска, дополнително се обезвреднува моќта на таквите титули кои сега многу лесно се стекнуваат.

Според Државниот завод за статистика само минатата академска година се запишале над 58 илјади студенти. Генерално, последниве години околу 90 отсто од средношколците заминуваат на факултет.Со Болоњскиот сисем на студирање, дополнително се пумпа и  бројот на магистри. А згора на се, работа, посебно за оние од општествените науки, тешко се наоѓа.

Затоа , велат студентите, студенстката диплома губи вредност, но мора да ја имаш. Во меѓувреме се надеваат дека наштата ќе се подобрат. Во спротивно ќе го фатат патот надвор од Македонија.

АВТОР: Сунаи Сабриоски