Радио МОФ организира награден конкурс за најдобaр текст #СиОдиме

Радио МОФ организира награден конкурс за најдобaр текст на тема „ #СиОдиме или не – зошто заминуваат младите од Македонија?“.

Право на учество имаат сите млади, на возраст од 15 до 35 години, кои се засегнати од проблемот со иселувањето или и самите се наоѓаат на крстосницата – да се оди или остане во Македонија.

Текстовите треба да бидат напишани на македонски јазик, со должина од околу 500 зборови. Тие треба да се испраќаат со име и презиме или под псевдоним на info@radiomof.mk, со назнака „Награден конкурс за најдобaр текст #СиОдиме“. Заедно со текстот треба да бидат испрататени и податоци за авторот (име и презиме и телефонски број).

Најдобриот текст ќе го бираат нашите читатели и комисијата од Радио МОФ. Сите есеи ќе бидат објавени во посебна рубрика на Радио МОФ каде ќе може да се гласа со „лајкови“, како и на ФБ под хаштагот #СиОдиме.

Дали заминувањето од Македонија е кукавички или херојски чин? Зошто се празнат селата и градовите? Што губи, а што добива државата од иселувањето на младите? Што треба да се промени за посветла иднина во земјава? Колку од вашите пријатели си заминаа надвор, а колкумина се уште се противат на ваквата идеја? Ова се само дел од темите на кои може да пишувате во есеите за наградниот конкурс на Радио МОФ.

Конкурсот се отвора денеска (11 мај), а краен рок за испраќање на текстовите е 22 мај, до полноќ. Гласањето се отвора на 23 мај, а ќе трае до 26 мај, напладне.

Наградата за најдобриот есеј е ранец Trimm Sherpa (на сликата подолу), од 65 литри.

Доколку имате прашања можете слободно да ни се обратите на info@radiomof.mk, Фејсбук  или Твитер.