Радио МОФ на Бела ноќ

Радио МОФ по третпат ќе биде дел од скопската Бела ноќ. На добро познатата „Школка“ во Градскиот парк, на 5 октомври Радио МОФ ќе ви ги претстави  Nati Fiyah SS,  Nerses Malakjan и Game Over кои најавуваат квалитетна музика и одлична журка до 3 часот по полноќ.

Вечерта ќе ја отвори Nati Fiyah SS во 22 часот, по полноќ журката ќе ја преземе Nerses Malakjan, а за крајот ќе се погрижи Game Over.

Одговорен за визуелизации е Lazy Kidz Visualz,  кој заедно со изведувачите им се доволно познати на редовните посетители на Капан ан.

бела ноќ final

 

Распоред:

• 22:00 – 00:00 Nati Fiyah SS
• 00:00 – 01:30 Nerses Malakjan
• 01:30 – 03:00 Game Over

 

Инфо за изведувачите:

Natty Fiyah е основан во 2009 година од страна на Rootsman I и Spincore. Главната идеја беше да се направи реге саунд систем, но како што прогресираа настапите, почнаа и други музички стилови да влегуваат о комбинација со регето.  Во текот на годината настапи имаат на домашен терен во Тетово, Скопје, Прилеп, Битола, Охрид и други локации низ Македонија. Во 2010 година, како поддршка на Conquering Lion на нивната турнеја, имаат настапи низ Романија, Хрватска и Словенија.

Во 2011 година, Rootsman I го поканува MC Брчка во куќата, со цел да ги подобри настапите во живо и многу помоќни. Една година дена подоцна, стануваат име на експерименталниот звук кој одговара за секоја пригода, без разлика дали треба целодневно реге, или ноќни dnb звуци. Нивното мото е : Where there is smoke, there is FIYAH!!!

Нерсес е селектор и ко-водител на радио емисијата Fat Beats – Armageddon on the streets, задолжена за промовирање бас звуци со единствена филозофија – „Ќути и пушти бас“. Во своите сетови знае да „сврти“ од Jump Up Drum and Bass до Oldschool Rave и Garage, и да ги усогласи благодарение на својата повеќегодишна активност на бас сцената.

Почетоците на Game Over се во хип-хоп културата во која овој изведувач е навлезен уште од рана возраст. Во 1997 година се приклучува во „RHB“ и снима неколку демо снимки, кои подоцна ќе бидат емитувани на Канал 103 и А1. Го открива drum n bass звукот во 1998 и една година подоцна почнува да го продуцира. Две од неговите најголеми траки се издаваат како дабплочи во 2001 од големата Aphrodite. Истата година ја основа и „Tech Squad“ – организација со цел да го шири звукот на dnb-то, заедно со DJ Fluid.

Низ годините има настапувано во најголемите клубови и на настани во Македонија, Србија, Бугарија и Унгарија, ја има радио емисијата „Течна Кујна“ на Канал 103 и „Drum Time“ на Топ ФМ. Исто така е дел од „Филтер“ (магазинот за урбана култура), напиша многу рецензии за албуми, а неговиот стил е спој на dnb со техно и хип-хоп звучи со соул влијанија.