Протести против екстерното тестирање и во Скопје

Протести против екстерното тестирање и во СкопјеСо собир кај спомен-домот на Мајка Тереза денеска започна протестот во Скопје против екстерното тестирање, пренесува А1он.

Групата средношколци и основци се упатила пред Министерството за образование со извици „Нема правда, нема мир“.

Деновиве протести против екстерното оценување се одржуваат во повеќето градови низ Македонија, бидејќи учениците ја гледаат оваа новина како непотребно дополнително оптоварување во образованието.

Советите на родители од неколку основни училишта од општина Карпош побарале од Владата да биде одложено екстерното оценување за идната година.

Министерството за образование и наука најави дека не отстапува од своите планови екстерното оценување да биде спроведено од 27 мај до 10 јуни. Учениците ќе полагаат два предмета кои ќе бидат избрани по случаен избор, а за тоа кои  ќе бидат предметите, учениците ќе бидат информирани седум дена пред почетокот на тестирањето.

Видео – А1 он