Протести: Боја и по ѕидовите на Министерството за култура

Со јајца и боја демонстрантите го обоија Министерството за култура, движејќи се низ Скопје, за време на вечерашниот протест. Од СЈО, кон Собрание, па преку Триумфалната порта тие стигнаа до поштадот Македонија, каде продолжија кон Влада.

Сепак, наместо директно кон владината зграда, демонстрантите прво по „Партизанска“ и Дебар маало се упатија кон Министерството за култура, од каде што продолжија по „Илинденска“ се до Владата.

Сето време тие ги повикуваа останатите граѓани да излезат заедно со нив и да им се придружат на протестот.

На вечерашниот протест има масовна излезност на граѓаните. Освен во Скопје, под истото мото „Нема правда, нема мир„“, протести се одржуваат и во Куманово, Битола, Струмица, Штип и Велес.