Протече и шестата епизода на Game of Thrones, по грешка на шпанското HBO

HBO Шпанија по грешка ја емитуваше шестата епизода, од седмата сезона, на Game of Thrones, четири дена пред најавите. Епизодата им беше достапна на на шпанските претплатници цел час пред да биде повлечена, период доволно долг за да биде преземена и споделена со останатите гледачи.

Делови од епизодата беа поставени на Редит, преку Јутуб, Инстаграм и други сервиси за стримање, пред конечно да биде оневозможено преземањето.

Game of Thrones е најпиратирана серија во историјата на телевизијата. Претходно протече и четвртата епизода од седмата сезона, на 4 август, два дена пред да треба да се емитува глобално.

Шоуто продуцирано од HBO преживеа неколку протекувања низ годините. Неодамна, група хакери објавија дека украле 1,5 терабајти документи, како и епизоди од сериите Ballers, Room 104 и сценарија од наредните епизоди на Game of Thrones.