Пробиен полицискиот кордон, демонстрантите стигнаа пред Собрание

Со извици „Нема правда , нема мир!“ и „Оставка-веднаш!“, демонстрантите кои протестираа пред канцеларијата на Иванов, го пробија полицискиот кордон и стигнаа пред Собранието. Таму ги пречека полицијата, која го обезбедуваше објектот на Собранието, а веќе ги немаше контра-протестантите кои на повик на ГНОМ излегоа да протестираат поради аболицијата на Заев.

Вратете ги парите, побара активистот Огнен Јаневски. „Претседателот ги аболицираше сите криминалци за кои треба да гласаме. Ние не сакаме да гласаме за криминалци кои знаеме што направиле“, додаде тој.

„Во Собранието треба да има претставници на народот, а не криминалци. Две години во Скопје има протести, ако не сака тој, ние ќе го срушиме“, револтирано говореше пред демонстрантите еден од присутните граѓани на протестот.

„Ниту собранието, ниту владата немаат легитимитет. тоа се луѓе кои ја држат цела држава во заложништво“, истакна активистот Мариглен Демири.

Според најавите на движењето #Протестирам , протести се најавени и за утре во 6 часот