Повик за учесници во Школа за активно граѓанство

Со цел да им обезбеди неопходно знаење и вештини за реализирање граѓански иницијативи, Форум-Цeнтар за стратегиски истражувања и документација (Форум–ЦСИД) ја организира Школа за активно граѓанство за млади, претставници на граѓански организации и неформални групи.

Untitled

Во рамки на Школата, Форум–ЦСИД  објавува повик за шестата група учесници кои ќе посетуваат два модули обуки во текот на 2014 година и една алумни средба со учесниците од претходните групи учесници во Школата во 2015 година. Првиот модул ќе се одржи во октомври, вториот во декември, а третиот во јуни.

Првиот модул е воведен и тој ќе има за цел да ги запознае учесниците со основните поими и алатки потребни за активно граѓанско учество. Темите што ќе бидат обработувани ќе опфатат:

-Вовед во Поимникот за граѓанско општество;
-Структура на општеството и местото на граѓанскиот сектор;
-Граѓанска иницијатива;
-Граѓанинот, неговото/нејзиното место и можноста за активно учество во јавната сфера (држава, политика, граѓанско општество, медиуми).

Вториот модул ќе биде насочен кон усвојување и развивање практични алатки поврзани со односи со јавноста и со властите како дел од граѓанскиот активизам, комуникација со медиумите и говорнички вештини.

Третиот модул е еднодневна средба каде учесниците ќе имаат прилика да ги споделат стекнатите искуства со учесниците од претходните групи на Школата за активно граѓанство и таа ќе се одржи во јуни 2015 година.

Критериумите што треба да ги исполнуваат кандидатите се старосна граница: 18-35 години и активно членство во граѓанска организација или неформална група.

При селекцијата на кандидатите предвид ќе биде земен етничкиот и родовиот баланс на групата.

Заинтересираните кандидати треба да испратат своја биографија (CV) заедно со писмо за мотивација до координаторката на проектот во Форум-ЦСИД, Соња Исмаил, на е-маил:sonja@forum-csrd.org.mk.

Рокот за пријавување е 30 септември 2014 година.