Одлука за затворање на 12 приватни средни училишта во Албанија

Албанското Mинистерството за образование и спорт ќе затвори 12 приватни средни училишта, поради неисполнување на потребните стандaрди, соопшти заменик министерката Нора Малај. Ваквата одлука доаѓа само еден месец по најавите за затворање на повеќе од 30 образовни институции, меѓу кои се и 18 универзитети.

Тирана

Од албанското министерство потврдуваат вчера соопштија дека че се затвораат по три училишта во Драч и Тирана, две во Елбасан и по едно во Љушња, Мат, Кучово и Валона. Учениците од овие училишта, според најавите ќе бидат преместени во јавни средни училишта, а трошоците за тоа ќе ги покријат приватните училишта. Според министерката Малај приватните училишта имаат обврски кои задолжително треба да ги реализираат, а на учениците треба да им ја обезбедат сета потребна училишна документација за трансфер во новото училиште.

Приватните училишта кои се затвораат исто така на учениците ќе треба да им ги вратат уплатените средства за делот од образованието кое не го завршиле.