Новинарите да кажат што истражуваат за да добијат бесплатен документ од Регистар

Со одлука на Владата, новинарите од денеска ќе можат да добиваат бесплатни информации од Централниот регистер, но во барањата ќе мораат да наведат на какво истражување работат. Ова денеска беше соопштено на средбата на новинари со новата директорка на Регистарот Марија Бошковска Јанковска, објави НоваТВ.

Во владината одлука е наведено дека новинарите кои работат на истражувања ќе треба да поднесат барање до регистерот кое ќе биде ставено на меморандумот на новинарската организација и ќе содржи потпис и печат од главниот уредник. Централниот регистер и Агенцијата за кастар на недвижности ќе треба на видно да назначат дека е во функција за истражувачка дејност и не треба да се злопутребува за други цели.

На прашањето зошто процедурата побарува од новинарите да пишуваат што истражуваат, било речено дека одлуката и правилата ги пропишала владата, а не институцијата која што не била консултирана.

Од НоваТВ контактирале и со портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, кој објаснил дека новинарите нема да треба да ја кажат темата на која ќе работат, туку да дадат генерална насока за какво истражување се работи.