Нов земјотрес од 2,7 степени го стресе Скопје

По пауза од неколку недели, во 12:52 часот се почувствува нов земјотрес во Скопје.

Според Европско-Медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил на длабочина од 5 километри, а со магнитуда од 2,7 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот е 4 километри југоисточно од Скопје, односно 5 километри североисточно од Сопиште и 3 километри од Усје.

Во изминатиов период скопјани на повеќе пати беа вознемирувани од земјотреси. Најсилниот се случи на 11 септември со магнитуда од 5,3 стерпени. При потресите имаше над 100 јавувања за лекарска помош, но и за над 500 јавувања за пријава на штети – најголем дел за разурнати фасади, оштетени кровови, скршени прозорци, паднати плафони, оштетени возила… Истовремено, надлежните институции посочија на Упатство за самозаштита на граѓаните од земјотреси.

Инаку, во изминативе денови земјотрес од 4,5 степени го потресе и островот Закинтос во Грција. Беше регистриран и во црногорска Подгорица, каде се измерени  3,9 степени по Рихтер.