Најновата велосипедска патека во Копенхаген е закон!

Во Копенхаген каде што бројот на велосипеди го надминува бројот на луѓе, и речиси 40 проценти од луѓето одат на работа со велосипеди, велосипедски пријателската инфрастуктура е клучна.

Најновата велосипедска патека во Копенхаген е закон!

Но иако низ Копенхаген има повеќе од 200 милји велосипедски ленти, метежот е заеднички проблем. Градот е дом на најпрометните велосипедски ленти, на кои секојдневно патуваат 40.000 велосипедисти.

Па така Cykelslangen (soo-cool-klag-en) или Cycle Snake е најновиот надвозник во градот, наменет исклучиво за велосипедисти кој треба да треба да помогне сообраќајот да се движи непречено, пишува Wired.

Патеката е долга само 721 метри, но тие го олеснуваат метежот со префрлање на возачите над, наместо низ шопинг областа која се наоѓа покрај вода.

– Под него има пристаниште, и има простор и за пешаци кои се движат побавно. Конфликтите помеѓу пешаците и велосипедистите никогаш не биле проблем, но велосипедистите не можеа да возат со еднаква брзина и мораа да се соочуваат со скали. Новиот пат, кој се наоѓа едно скалило над земјата, им овозможува да се движат без прекин. Тој е широк нешто над 13 метри и има доволно место за да помине дури и двојно широк карго велосипед вели Микаел Колвил-Андерсон, извршен директор на Copanhagenize, данска фирма за дизајн.

Извор: grist.org

Превод: М.К.