Награда за социјално претприемништво 2016 – гласањето отворено до 28 септември

Наградата за социјално претприемништво е натпревар и едукативна програма за поддршка на претприемачки идеи, меѓу студентите кои имаат потенцијал да се развијат и да се имплементираат како иновативни решенија за глобалните проблеми.

Во финалната етапа на овогодинешниот натпревар има 11 тимови, чии идеи и проекти можат да се разгледаат овде. Гласањето за тимовите трае до 28 септември, а може да се гласа за вкупно три идеи од сите 11 тимови.

Меѓу натпреварувачите кои влегоа во финалето, има проекти за прочистување на воздухот, социјална кујна, посредување при барање работа за самохрани родители, музичка терапија, делење на превоз и други.

Мисијата на наградата за социјално претприемништво е да се зголеми интересот меѓу младите за социјалното претприемништво и преку него тие да ги спознаат можностите за развојот на сопствената кариера.