Mp3 заминува во историјата

Дигиталниот аудио формат Mp3 оди во историјата, потврди Институтот Фраунхофер, од каде велат дека престануваат со лиценцирање на програмата.

Овој формат нашироко се сметаше за пресвртна точка во музичкиот свет бидејќи дозволуваше дигиталното аудио да биде компресирано без позначително влијание врз квалитетот на звукот.

Сепак, Mp3 се уште може да се користи. Но, форматите со подобар квалитет, кои се поефикасни и пофункционални полека поставуваат нови стандарди. Секако, стримингот денес е популарен начин преку кој публиката слуша музика и други аудио фајлови.

„Иако постојат поефикасни аудио кодеци со напредни опции, Mp3 сѐ уште е популарен меѓу потрошувачите. Сепак, поновите медиумски услуги, како стримингот или телевизијата и радио емитувањето користат модерни „ISO-MPEG“ кодеци како што се AAC или МPEG-H. Тие можат да им донесат повеќе функции и повисок квалитет на звукот на многу пониска брзина во споредба со Мр3“, се вели во соопштението на компанијата.

Институтот, кој е дел од Германскиот институт за истражување, е тој што придонесе во развојот на MP3 во доцните 80-ти, а помогна и во креаирање на AAC. Овој формат се смета дека е засега најквалитетниот формат за преземање музика и видеа на мобилните телефони.