МЛАДИТЕ ГЛАСААТ: По што ќе се памети 2013 година?!

Многу протести, пожари по студентските домови, но и концерти, настани, младински активности ја одбележаа 2013 година. Но што беше најинтересно, кои беа највпечатливите случувања за младите во Македонија?

МЛАДИТЕ ГЛАСААТ: По што ќе се памети 2013 година?!

На прагот на Новата 2014 година, Радио МОФ направи пресек на она што се случуваше изминатиот период. Понудивме избор од дваесетина случувања од повеќе области. Финалната листа ќе зависи од вашите гласови со кои ќе ни помогнете да одлучиме – кои по што ќе ја паметиме 2013-та. Право да гласаат имаат сите млади во Македонија, но и оние кои се чуствуваат така.  Гласањето почнува веднаш, а трае до недела (29 декември) на полноќ.

Секој може да одбере толку настани колку што смета дека заслужуваат внимание. Гласајте!