Министерството за транспорт и врски ја запре продажбата на Офицерскиот дом во Битола

Министерството за транспорт и врски започна постапка за поништување на продажбата на објектот поранешен “Офицерски дом” во Битола. Овој потег доаѓа откако Владата сакаше да го продаде објектот, заштитен со закон како културно наследство, за 900.000 евра. По острите реакции во јавноста, продажбата се запира.

„Министерството за  транспорт и врски на ден 2.2.2016 година во печатените дневни весници објави исправка на огласот со кој се запира постапката за продажба на Офицерскиот дом во Битола“, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

Офицерскиот дом во Битолае изграден во 1911 година од управникот на битолскиот вилает Абдул Керим Паша, а комплетно е довршен во 1919 година. Зградата со еркерни балкони, составена од карактеристични четири кули како Сарајот на Абдула Керим Паша.