Марихуаната станува легална – претседателот на Уругвај го потпиша новиот закон

Портпаролот на уругвајскиот претседател соопшти дека Хозе Мухика го потпишал законот за создавање на регулиран пазар на марихуана во Уругвај. Законот бил потпишан во понеделникот вечерта, што е последниот чекор пред тој да стапи во сила.

Марихуаната станува легална, претседателот на Уругвај го потпиша новиот законСлужбениците треба до 9 април да напишат одредби за регулирање на сите аспекти од пазарот на марихуана, од нејзино одгледување до продажба во аптеките. Властите очекуваат целиот систем да биде спроведен до средината на идната година.

Уругвајците ќе имаат право да одгледуваат марихуана во својот дом, до шест стебла на едно семејство и годишно да одгледуваат до 480 грама. Тие ќе можат, исто така, да набават марихуана во аптека, но не повеќе од 40 грама месечно.

Уругвај стана првата земја која целосно ја легализираше марихуаната. Горниот дом на парламентт на оваа земја, пред две седмици,  со 16 гласа „за“ и 13 „против“ го изгласа  законот, предложен од претседателот Мухика. Со законот беше посочено дека владата се обидува да ја регулира продажбата на марихуана во обид го загрози црниот бизнис и да го спречи финансирањето на криминалните картели.

Обединетите нации пак ја прогласија за нелегална оваа одлука. Законот, сметаат од ООН,  значи директно прекршување на универзалната согласност за оваа дрога.

Во меѓувреме пак британскиот весник „Економист“ го прогласи Уругвај за држава на годината. Оваа титула ја доби поради реформите од кои „корист може да има целиот свет“. Освен што ја легализираше марихуаната, Уругвај годинава ги призна о и хомосексуалните бракови.

„Економист“ оцени дека таквата политика „го зголемила глобалниот извоз на среќа без никаков финансиски трошок“.

Канабисот е најкористената дрога во светот по алкохолот, а во изминатите години, многу земји го декриминализираа. Освен Холандија, каде е дозволено купување и одгледување, и американските држави Колорадо и Вашингтон изгласаа закони со кои се дозволува рекреативно користење марихуана.