Мапа: Над 12 000 средношколци бојкотираат настава во Скопје

Над 12 000 средношколци во Скопје ја бојкотираат наставата, соопшти Средношколски пленум. Со цел да се добијат поточни информации за тоа во кои средни училишта во Македонија се бојкотира наставата, од Пленумот објавија интерактивна мапа.

На неа се прикажани скопските средни училишта во кои има бојкот. Но, мапата може да ја ажурира секој ученик, со тоа што ќе ја најде својата општина и средното училиште. Црвеното значи дека се одржува бојкот, а жолтото означува дека нема бојкот на настава.

Досега, бојкот прогласија девет скопски средни училишта, а вчера започнаа да бојкотираат и гимназијалците во Охрид и Тетово. Во Куманово пак, бојкотот беше прекинат, а средношколците во Битола утре ќе решат дали ќе им се приклучат на своите соученици.

Мапата е достапна и на овој линк.