Лифтовите во студентскиот „Гоце Делчев“ повторно не работат

Повеќе од две недели не работат лифтовите во блокот Г во студентскиот дом „Гоце Делчев“, велат студенти кои живеат во домот за Радио МОФ.

Лифтовите во студентскиот „Гоце Делчев“ повторно не работат

Студентите испратија и неколку фотографии и видео до нашата редакција, на кои се гледа дека лифтовите повторно се надвор од функција.

Лифтовите во студентскиот „Гоце Делчев“ повторно не работат

Според студентите во домот, иако многу пати барале да бидат поправени бидејќи треба да одат пешки до 14-тиот кат, оттаму им било речено дека немаат електричар.

Ова не е прв пат студентите во „Гоце Делчев“ да се соочат со вакви проблеми. Лифтовите со денови не работеа и лани, а студентите постојано се жалат на влага, студот, немање топла вода, распаднати соби, лоша храна…

Приказната за мизеријата во овој студентски дом го заобиколи и светот. Од Imgur и Reddit, преку Business insider и Independent, па се до балканските медиуми се прошири веста за исклучително лошите услови во најголемиот студентски дом во земјава „Гоце Делчев“.

Премиерот Никола Груевски во март годинава вети реновирање на студентскиот дом „Гоце Делчев“. Сепак, ова не е прво ветување на реновирање на домот, ниту од премиерот, ниту пак од министрите во неговата влада. По пожарот во месец април каде изгореа неколку соби во „Гоце“, Груевски рече дека уште минатото лето ќе се рековира блокот и тоа најдоцна до септември минатата година, што не се случи.

Лифтовите во студентскиот „Гоце Делчев“ повторно не работат

Ветувања за реконструкција даде и министерот за образование Спиро Ристовски, но и неговите претходници, Панче Кралев која лани ја најавуваше реконструкцијата, како и Никола Тодоров кој уште во 2010 година вети реконструкција на „Гоце Делчев“.