Конференција: Училиштата претворени во установи за дискриминација

Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“

  • Нашите училишта се претворија во установи за дискриминација, по најразлични основи. Што од незнаење, неинформираност, лоши учебници, несоодветни обуки или неумешност и неснаодливост на кадарот. Што од страв од санкции ако не се испочитуваат правилата и квази законите, кои се се’ друго освен да го штитат интересот на детето и човекот, смета специјалистoт за психологија на траума и криза, Лина Ќостарова Унковска.

    Ќостарова Унковска свое излагање имаше на конференцијата „Заштита од насилство и дискриминација во образованието“, каде се споделуваа резултати од истражувања во врска со насилството, малтретирањето и вознемирувањето во училиште. Беше нагласена и потребата од поефикасни програми и политики за заштита на младите со родова и сексуална различност.

    Притоа, Ќостарова Унковска презентираше и загрижувачки податоци од меѓународна студија, спроведувана низ 44 земји од Европа, меѓу кои и Македонија. Податоците се однесуваат на групи од 15-годишни момчиња и девојчиња од Македонија, поточно нивните хетеро, хомо и бисексуални вљубувања.

    „За разлика од хетеро сексуално вљубените млади, оваа група е многу поризична и дискриминирана. ЛГБТ младите во нашите училишта се повеќекратни жртви на насилство, не само во училиштето, туку и во семејството. Насилството е физичко и вербално, а се жртви и на полови напади, многу почесто од хетеросексуалните врсници. ЛГБТ младите од 15 години се со трипати повисока стапка за обид за размислување за самоубиство. Имаат помала поддршка од семејството, врсниците и другарите и многу поретко излегуваат и се дружат во училиштето. Откако долго време минуваат низ најразлично насилство, многу поверојатно е да се определат за повлекување и самоизолација. Самите го прават тој избор. Често многу од нив никогаш нема да изградат позитивна слика за себе и да се изборат за своето место и статус во заедницата“, рече Ќостарова Унковска.

    Според неа, образованието е клучот, тоа мора да биде основа меѓу човекот, културата и политиките. Образованието мора да ја има моќта и авторитетот да застане на вистинската страна на човекот и детето, а, сепак, вели таа, сите знаеме колку сме заглавени и е обратна нашата положба.

    Претставничката од институцијата Народен правобранител, Ива Михајловска, потенцираше дека поимот „насилство“ од наставен кадар, или „насилство“ меѓу децата, се уште не може да биде препознаен.

    Kонференција „Заштита од насилство и дискриминација во образованието“

    Kонференција „Заштита од насилство и дискриминација во образованието“

    „Нашите посети и истражувања покажаа дека децата од основните и средните училишта не можат да го идентификуваат, препознаат насилството што се случува помеѓу нив, или врз нив. Најчесто не ги пријавуваат случаите или само го информираат класниот раководител“, вели Михајловска.

    Препорака на Народниот правобранител е да се почитува она што е уредено и ратификувано во меѓународните договори, но и во нашите закони – забрана за секакво физички и психичко вознемирување и насилство. Дополнително, законските норми во нашата легислативата предвидуваат и превентивни мерки во училиштата – преку советувања, опоменувања на родителите, класните раководители… Сепак, во пракса, вели таа, имплементацијата на овие норми сe уште е попречена.

    „Надлежните инспекторски служби во Министерството за образование го уживаат моментално најголемиот легислативен авторитет, да постапуваат по донесените решенија. Она што е важно, сите оние кои се занимаваме и сме дел од оваа област е да се обратиме до нив и да бараме спроведување на законските и подзаконските акти, а посебно кога станува збор за насилство. Особено што праксата покажува дека насилството се уште се користи како педагошка мерка во образованието. Клоца, шамар, таков вид на насилство, за жал, е ’воспитна мерка’. Тоа треба да не загрижи, но истовремено и да не мотивира да бараме промена на таквите пракси и почитување, пред се’, на достоинството, интегритетот и физичкото присуство на детето. Проблем е што просветните работници не го препознаваат детето како носител на права и обврски“, нагласи Михајловска.

    Таа потсети и на последните случувања што беа актуелни во медиумите (повиците за учество во протести н.з.), Народниот правобранител апелираше, постапува и веќе во тек се истраги за повреда на права на децата во училиштата на начин кој, вели таа „беа мотивирани да го напуштат образовниот процес и бидат дел од иницијативите кои се случуваат во земјата“.

    „Ние сметаме дека за секое прекинување на образованиот процес, за кој не се известени нивните старатели, родителите, е повреда на правата на децата. Така да, треба да бидеме многу внимателни сите оние кои работиме со образование – на кој начин се пренесуваат пораките, и на кој начин се користат децата, односно нивниот интегритет за било какви други активности, а сепак станува збор за деца кои според нашите легислативи се малолетници“, констатираше Михајловска од Народен правобранител.

    На конференцијата како проблем беше нагласено отсуството на Сеопфатно сексуално образование во земјава. Исто така, и материјалите од книгите кои треба да служат како почетна станица од образовниот стадиум на еден ученик. Учебниците со години наидуваат на јавни критики поради апсурдни толкувања, предрасуди и спорни дефиниции за човековите права и слободи. Заедно со несоодветни наставни програми, плус целиот заострен општествен и политички контекст – сето ова создава опасна и небалансирана подлога за младите луѓе да се оформат како личности. Да созреат како индивидуалци со сопствено расудување, со јасно артикулирани ставови, без стереотипи и нетрпеливост кон неистомисленици.

    Според Драгана Дрндаревска од Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маринализираните заедници“, организатор на настанот, со хомофобични содржини и содржини кои промовираат говор на омраза, со нерелеватни информации за ХИВ, каде ЛГБТ заедницата се промовира како „ненормална“, сето тоа потсетува на едно одминато време.

    „Учениците и студентите како идни професионалци не добиваат релеватни информации. Имаме поднесувано претставки и до Народниот правобранител и до Комисијата за дискриминација. Дел од дискриминаторската содржина е отстранета, меѓутоа потребна е систематска ревизија на сите учебници, учебни помагала, програми, со цел да добиеме поквалитетно образование кое наместо да ги крши, ќе ги заштитува човековите права на одредени групи“, нагласи Дрндаревска пред новинарите, пред да почне конференцијата.

    Дополнително, кривичниот закон не е усогласен со препораките на Светската здравствена организација и го криминализира преносот на заразни болести. Тоа, според Дрдаревска, не е нешто што во 2016 треба да го имаме, а истовремено на учениците не им се нуди можност критички да размислуваат на оваа тема.

    Сања Божовиќ од Младински образовен форум се осврна на дискриминацијата и насилството во високото образование. Презентираше истражување што покажува дека 84,9 отсто од испитаните студенти добиваат легла во студентските домови, а предуслов за тоа е партиската припадност. Кај 83,8 % партиската припадност претставува и предуслов за добивање професорско или асистенско место.

    83,6% од професорите или асистентите користат стереотипи или предрасуди кон одредена религиозна група во текот на предавањето, а 75,1 6% му се потсмеваат на некој студент затоа што е хомосексуалец.

    „Најголем број на студенти знаат лице кое било жртва на дискриминација на политичко уверување (39,5%) и дискриминација врз основа на сексуална определба (36,9%). Дури 31,7% од испитаниците слушнале дека му се случило на некој да биде дискриминиран врз основа на етничка припадност и јазик, 34,4% да биде дискриминиран врз основа на етничка припадност и 31,1% врз основа на пол. Нема ниту еден пријавен случај на дискриминација до УКИМ“, забележа Божовиќ при презентација на документот „Анализа и документи и на политики на Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’ во Скопје за степенот на вклученост на принципот на еднакви можности и недискриминација“.

    Поразително е тоа што само 13,9% од студентите се информирани за правните регулативи што го даваат правото на заштита од дискриминација. 85,9% од студентите одговориле дека не се информирани за ниту еден правен документ за оваа област.

    Дополнително, според ново истражување за дискриминација од 2016 година, како надлежни институции во УКИМ, Комисијата за студентски жалби постапува само тогаш кога се прекршени правата на студентите со правен акт. Студентскиот правобранител, пак, нема сериозни ингеренции кога треба да се имплементира негова препорака.

    „Препораки на МОФ се следење на состојбата на универзитетот од самата високообразовна институција и дискриминацијата во академската заедница. Потоа, дополнување на правните акти, едукација на целата академска заедница, унапредување на функцијата Студентски правобранител, но и формирање посебно тело за заштита од дискриминација во рамките на Универзитетот“, констатираше Божовиќ од МОФ.

    Бојан Шашевски

  • Konferencë: Shkollat janë shndërruar në institucione për diskriminim

    28/03/2017

    Shkollat tona janë shndërruar në institucione për diskriminim, mbi baza të ndryshme. Sa nga injoranca, mos informimi, tekstet e këqija shkollore, trajnimet jo përkatëse po aq edhe nga kuadrot e pa afta dhe të pa gjindshme.  Po ashtu edhe nga frika e sanksioneve nëse nuk respektohen rregullat dhe pseudo ligjet, të cilat janë gjithçka tjetër përveçse jo vegla për mbrojtjen e interesit të fëmijës dhe njeriu, konsideron specialisti për psikologji të traumave dhe krizës, Lila Qostarova Unkovska.

    Qostarovska Unkovska mbajti fjalim gjatë konferencës “Mbrojtje nga dhuna dhe diskriminimi në arsim”, ku u prezantuan rezultatet nga hulumtimi në lidhje me dhunën, maltretimin dhe shqetësimin në shkollë.  U theksua edhe nevoja për programe më efikase dhe politika për mbrojtjen e të rinjve me dallime gjinore dhe seksuale.

    Gjatë kësaj, Qostarova Unkovska prezantoi edhe të dhëna shqetësuese nga studimi ndërkombëtar, e realizuar në 44 vende të Evropës, ndër të cilat edhe në Maqedoni.  Të dhënat vlejnë për grup moshën e djemve dhe vajzave 15 vjeç nga Maqedonia, më saktë dashuritë e tyre hetero, homo dhe biseksuale.

    “Për dallim nga hetero të rinjtë e dashuruar, ky grup është shumë më ndryshe dhe më i diskriminuar.  LGBT të rinjtë në shkollat tona janë viktima të shumëfishta të dhunës, jo vetëm në shkollë por edhe në familje.  Dhuna është fizike dhe verbale, ndërsa janë edhe viktima të sulmeve seksuale, shumë shpesh nga moshatarët e tyre heteroseksual.  LGBT të rinjtë prej moshës 15 vjeç, janë me shkallë tre herë më të lartë, për përpjekjen dhe mendimin për të kryer vetëvrasje.  Kanë mbështetje më të vogël nga familja, moshatarët dhe shokët dhe shumë rrallë dalin dhe shoqërohen në shkollë.  Mbasi kohë të gjatë kalojnë nëpër dhunë të ndryshme, është shumë e mndhsme të shkëputen dhe të tërhiqen në vetë izolim.  Vetë e bëjnë këtë zgjidhje.  Shpesh, shumë prej tyre nuk do të ndërtojnë pasqyrë pozitive për veten dhe  nuk do të luftojnë për vendin e vet dhe statusin e tyre në komunitet”, tha Qostarova Unkovska.

    Sipas saj, arsimi është çelësi, Ai duhet të jetë baza ndërmjet njeriut, kulturës dhe politikave.  Arsimi duhet të ketë fuqinë dhe autoritetin të qëndrojë në anën e vërtetë të njeriut dhe fëmijës, por, megjithatë, thotë ajo, të gjithë e dimë se sa jemi të ngujuar dhe sa e ngatërruar është pozita jonë. y

    Përfaqësuesja e institucionit “Avokat i Popullit”, Iva Mihajllovska, theksoi se nocioni “dhunë” nga kuadri arsimor ose “dhunë” ndërmjet fëmijëve, ende nuk mund të identifikohet.

    Kонференција „Заштита од насилство и дискриминација во образованието“

    “Vizitat tona dhe hulumtimi, treguan se fëmijët e shkollës fillore dhe të mesme nuk mund të identifikojnë, njohin dhunën që ndodh ndërmjet tyre, ose që ushtrohet mbi ta. Zakonisht nuk i paraqesin rastet ose vetëm e informojnë kujdestarin e klasës”, thotë Mihajllovksa.

    Rekomandimi i Avokatit të Popullit është të respektohet ajo që është rregulluar dhe ratifikuar me marrëveshje ndërkombëtare, por edhe me ligjet tona – ndalimi për çdo lloj shqetësim dhe  dhunë fizike dhe psikike.  Në mënyrë plotësuese, normat ligjore në legjislacionin tonë parashikojnë edhe masa parandaluese në shkollat – nëpërmjet këshillimit, tërheqjes së vërejtjes së prindërve, kujdestarëve të klasës… Megjithatë, në praktikë, thotë ajo, implementimi i këtyre normave ende është i pa realizuar.

    “Shërbimet kompetente inspektorate në Ministrinë e Arsimit, për momentin e gëzojnë autoritetin më të madh të legjislacionit, të veprojnë në lidhje me aktvendimet e miratuara.  Ajo që është e rëndësishme, të gjithë ata që merren dhe janë pjesë e kësaj fushe, të drejtohemi tek ata dhe të kërkojmë zbatimin e akteve ligjore dhe nënligjore, dhe në veçanti kur bëhet fjalë për dhunën.  Në veçanti që në praktikë tregohet se dhuna ende përdoret si masë pedagogjike në arsim.  Shkelm, shuplakë, lloj i tillë i dhunës, për fat të keq, paraqet “masë edukative”.  Dikush duhet të kujdeset për këtë, por njëkohësisht edhe të na motivojë të kërkojmë ndryshim të praktikave të këtilla dhe respektimin para së gjithash të dinjitetit, integritetit dhe prezencës fizike të fëmijës.  Problemi është se punëtorët arsimor nuk e identifikojnë fëmijën si bartës së të drejtave dhe obligimeve”, theksoi Mihajllovska.

    Ajo përkujtoi edhe ngjarjet e fundit që ishin aktuale në media ( thirrjet për pjesëmarrje në protesta), Avokati i Popullit apeloi, vepron dhe tani më është në rrjedhë hetimi për shkeljen e të drejtave të fëmijëve në shkolla në mënyrë e cila, siç thotë ajo “ishin motivuar të largohen nga procesi arsimor dhe të jenë pjesë e iniciativave të cilat po ndodhin në vend.”

    “Ne jemi të mendimit se për çdo ndërprerje të procesit arsimor, për të cilin nuk janë njoftuar kujdestarët, prindërit e tyre, paraqet shkelje të të drejtave të fëmijës.  Kështu që, duhet të jemi shumë të kujdesshëm të gjithë ata që punojmë me arsim – në cilën mënyrë barten mesazhet, dhe në cilën mënyrë përdoren fëmijët, respektivisht integriteti i tyre për çfarë do lloj aktivitete, sepse megjithatë bëhet fjalë për fëmijë të cilët sipas legjislacionit tonë janë të mitur”, konstatoi Mihajllovska nga Avokati i Popullit.

    Gjatë konferencës si problem u theksua mungesa e Arsimit gjithëpërfshirës seksual në vend.  Gjithashtu, edhe materialet e teksteve shkollore të cilat duhet të shërbejnë si stacionin fillestar nga stadiumi arsimor i një nxënësi.  Tekstet shkollore, hasin në kritika të mëdha publike, për shkak të interpretimeve absurde, paragjykimeve dhe përkufizimeve kontestuese për të drejtat dhe liritë e njeriut.  Së bashku me programet arsimore jo përkatëse, plus i gjithë konteksti i rreptësuar shoqëror dhe politik – e gjithë kjo krijoi një bazë të rrezikshme dhe jo të balancuar që të rinjtë të formohen si persona. Të piqen si individë me mendimet e tyre racionale, me qëndrime qartë të artikuluara, pa stereotipe dhe jo tolerancë ndaj mendimeve të ndryshme.

    Sipas Dragana Drndarevska, nga Koalicioni “Të drejta Seksuale dhe Shëndetësore të Komuniteteve të Margjinalizuara”, organizator i evenimentit, me përmbajtje homofobike dhe përmbajtje të cilat promovojnë fjalë të urrejtjes, me informata jo relevante për HIV, ku LGBT komuniteti promovohet si “jo normal”, e gjithë kjo përkujton një kohë të kaluar.

    “Nxënësi dhe studentët si profesionistë të ardhshëm nuk marrin informata relevante.  Kemi dhënë parashtresa edhe te Avokati i Popullit dhe te Komisioni për Diskriminim.  Një pjesë e përmbajtjes diskriminuese është larguar, mirëpo nevojitet revizion sistemor i të gjitha teksteve shkollore, mjeteve ndihmëse arsimore, programeve, me qëllim të kemi arsim të cilësor i cili në vend që ti shkelë, do ti mbrojë të drejtat e njeriut të grupeve të caktuara”, theksoi Drndarevska para gazetarëve, para filimit të konferencës.

    Në mënyrë plotësuese, kodi penal nuk është i harmonizuar me rekomandimet e Organizatës Botërore Shëndetësore dhe e kriminalizon bartjen e sëmundjeve ngjithëse.  Kjo, sipas Drndarevska, nuk është diçka që në vitin 2016 duhet ta kemi, ndërsa njëkohësisht nxënësve nuk u ofrohet mundësi në mënyrë kritike të mendojnë lidhur me këtë temë.

    Sanja Bozhinoviq, Nga Forumi Arsimor Rinor, foli për diskriminimin dhe dhunën në arsimin e lartë.  Prezantoi hulumtim që tregoi se 84.9 për qind e të anketuarve studentë, fitojnë shtretër në konviktet studentore, ndërsa parakusht është të kenë përkatësi politike.  Te 83,8% përkatësia partiake, paraqet edh parakusht për fitimin e vendit si profesor ose asistent.

    83,6 % e profesorëve ose asistentëve përdorin stereotipe ose paragjykime ndaj grupi të caktuar fetar gjatë ligjëratave, ndërsa 75,16% përqeshin ndonjë studentë sepse është homoseksual.

    “Numri më i madh i studentëve njohin një person i cili ka qenë viktimë e diskriminimit në bazë të bindjes politike (39,5%) dhe diskriminim në bazë të përcaktimit seksual (36,9%). Madje 31,7% e të anketuarave kishin dëgjuar se i ka ndodhur dikujt të jetë i diskriminuar në bazë të përkatësisë etnike dhe gjuhës, 34,4% të kenë qenë të diskriminuar në bazë të përkatësisë etnike dhe 31,1% në bazë të gjinisë. Nuk ka asnjë rast të diskriminimit të paraqitur në UKM”, theksoi Bozhinoviq gjatë prezantimit të dokumentit  “Analiza, dokumente dhe politika e Universitetit “Shën Kirili dhe Metodij” në Shkup për shkallën e përfshirjes së parimit të mundësive të njëjta dhe mos diskriminimit”.

    Është e habitshme se vetëm 13.9% të studentëve ishin të informuar për rregullat ligjore që e japin të drejtën për mbrojtje nga diskriminimi. 85.9% e studentëve u përgjigjën se nuk ishin të informuar në lidhje me ndonjë dokument ligjor për këtë fushë.

    Përveç kësaj, sipas një studimi të ri për diskriminimin nga viti 2016, si institucione kompetente në Komisionin e UKM, Komisioni për ankesat e studentëve vepron vetëm kur janë shkelur të drejtat e nxënësve me akt ligjor. Avokati i studentëve, megjithatë, nuk ka kredenciale serioze kur duhet të zbatohet rekomandimi i tij.

    “Rekomandimet e MOF janë monitorimi i gjendjes së universitetit nga vetë institucioni i arsimit të lartë dhe diskriminimi në komunitetin akademik. Pastaj, shtesa e akteve ligjore, edukimi i të gjithë komunitetit akademik, avancimi i funksionit të Avokatit të studentëve dhe formimi i një trupi të veçantë për mbrojtje nga diskriminimi në kuadër të Universitetit ” përfundoi Bozhinoviq nga MOF.

    Bojan Shashevski

//