Кина работи на своја верзија на Википедија што ќе биде спонзорирана од државата

Поминаа речиси 13 години откако кинеската влада првпат ја блокираше Википедија низ целата земја, по што забраната беше укинувана и обновувана неколку пати, главно поради загриженост од цензура.

Во обид да се понудат слични услуги, но во исто време одржувајќи контрола над она што е објавено, кинеската влада соопшти дека ќе направи своја онлајн енциклопедија – и за таа намера ќе вработеле 20.000 луѓе што ќе се грижат за нејзината содржина.

Јанг Музи, одговорен уредник на проектот и претседател на Асоцијацијата за дистрибуција на книги и весници, ја опиша кинеската верзија на Википедија како „Големиот ѕид на културата”.

Веб-базираниот извор ќе служи за да го прикаже „најновиот развој на науката и технологијата во Кина, да го промовира историското наследство, да се зголеми културната моќ, како и зајакнување на основните вредности на социјализмот”.

Во проектот ќе бидат вклучени голем број научници и истражувачи кои заеднички ќе објавуваат материјали од 2018 година, бидејќи нивната задача ќе биде да пишуваат повеќе од 300.000 записи од околу 1000 зборови за секоја глава во над 100 дисциплини.

Ова е еден од најголемите проекти за бележење на достигнувањата на една нација и историја на планетата. Сепак, не е јасно дали кинеската енциклопедија ќе биде преведена на меѓународни јазици или ќе биде достапна за читателите надвор од Кина.