Ќе поскапува школарината на 13 факултети во Белград

Зголемувањето на цените на школарината бараaт 13 факултети на Универзитетот во Белград за следната академска година.

Белград

Овој предлог беше одобрен на седницата на Сенатот на Универзитетот во Белград, а до крајот на оваа недела новите школарини и уписни квоти ќе бидат доствени до Министерството за образование, пишува „Новости”.

Зголемување на цените побарале машинскиот, рударско-геолошкиот, Факултет за организациски науки ( ФОН ), Факултетот за политички науки ( FPN ), математичкиот, православно- богословскиот , педагошкиот, фармацевтскиот како и факултетите за физика, физичка хемија , хемија и биологија.

Како и во претходните години, не е потребна дозвола од Министерството за образование за поскапување на школарините за  студентитете кои се самофинансираат. Весникот додава и дека на поголемиот дел од високообразовните институции е предложено поскапување на студирањето за околу десет проценти, како што минатата година изнесувала инфлацијата.

Најголемата разлика во цената, во споредба со минатата година би можело да има на Факултет за хемија, од каде се предлагаа школарина од 90.000 (околу 777 евра) наместо 78.000 динари(околу 670 евра).

За 11.000 динари (околу 100 евра) ќе биде поскапа годината на ФОН и ќе чини 140.000 динари(околу 1200 евра), додека за 4.000 динари  (35 евра) поскапо ќе се студира на богословскиот и правен факултет.

Извор: Telegraf.rs