Кампања на „Солидарност“ за поддршка на бегалците

Левичарското движење „Солидарност“ во своите редовни активности за солидарност со бегалците започнува кампања за подигнување на свеста во јавноста за структурите што ги прикриваат социјалните истории на лицата што бегаат од различни форми на насилство.

Кампањата започнува со постери кои се двојазични и слободни за преземање, а ќе продолжи со серија отворени разговори и работилници со млади.

„Солидарноста со бегалците е дел од борбата против политичката и економската обесправеност што во денешниот глобален економски систем му се случува на работникот, земјоделецот, студентот и сите оние кои бегаат од различни форми на насилство и експлоатација што не се признаени според меѓународните, регионалните и националните политики за азил.

Повикуваме за пошироко обединување, здружување и организирање за создавање социјална правда, еднаквост и правичност преку системска промена, и во солидарност со бегалците! “, велат од Солидарност.