Јозеф Гебелс ги инспирира студентите на ФБ-страницата „Јустинијан Први-политички студии“

Вести, Образование, 02 февруари 2013.  |  8 коментари

Цитат и слика на нацистичкиот политичар и министер за пропаганда Јозеф Гебелс беа 10 часа поставени на Фејсбук-страницата „Правен факултет „Јустинијан Први“ – политички студии“. Цитатот кој според администраторите заслужувал простор на оваа страница е од книгата „Политички говори“ на Гебелс и гласи:

„Ризикот е претпоставка за секоја голема победа. Колку нацијата е подисциплинирана, толку ризикот е помал. Еден воен одред кој маршира збиено, може да ги надмине и најтешките пречки. И спротивно – кога група луѓе дејствуваат раздвоени, секој за себе, нема да може да постигне ништо, па дури и да се цела дивизија.“

Факултетот преку соопштение на својата веб-страница се огради од сите објави во негово име на социјалните мрежи и соопшти дека единствено официјално гласило на „Јустинијан Први“ е веб-страницата pf.edu.mk.

Јозеф Гебелс бил еден од најблиските соработници и најпосветените следбеници на Адолф Хитлер. Тој бил познат по неговите жестоки говори и изразениот антисемитизам, а се смета и за творец на нацистичката пропаганда.

Спорната објава со цитатот и фотографијата на Гебелс по десет часа беше симната од ФБ-страницата „Правен факултет „Јустинијан Први“ – политички студии“. Инаку, на истата ФБ-страница, две и пол години (до вчера, 02.02.2013, кога беше симната), стоеше и слика на Адолф Хитлер, без никакви дополнителни објаснувања:

Јозеф Гебелс ги инспирира студентите на ФБ-страницата „Јустинијан Први-политички студии“

 

 

 

Одговори

  1. Миша Поповиќ says:

    2 февруари 2013at 12:15(#)

    Дечки, проверете убаво. Од студиите ми рекоа дека ова им е подметнато и дека ти не администрираат страна на ФБ.

  2. Радио МОФ says:

    2 февруари 2013at 12:22(#)

    Контактиравме со Деканот Давитковски. Ни најави дека ќе провери, очекуваме повратна информација. Штом имаме одговор, ќе објавиме нови информации. Ви благодариме.

  3. Павел Донески says:

    2 февруари 2013at 16:36(#)

    Ги инспирира!? Кој како сфатил и кој како перцепирал – негова работа.

    Ние сме на политички студии и имаме широк дијапазон на мислења и гледишта. Во светот одамна е надминат тој елементарен, цензуриран пристап кон делото на Гебелс.

    Би им препорачал на „плукачите“ и помалку информинаите да си ја прочитаат „Политички говори“ од Гебелс, во издание на Ѓурѓа, 2007.

    Ако не друго, поинаку ќе размислуваат и перцепираат.

    Пред да објавите нешто, добро прочитајте и информирајте се. Во светот одамна е надминат тој елементарен пристап кон проучувањето на делото на д-р Гебелс.

    На политичките студии сите личности (па дури и Гебелс, Хитлер, Сталин и Мусолини) се изучуваат темелно и објективно, со сите предности и недостатоци, преку најшироки дебати и со најразлични критички мислења.

    Оттука не гледам за спорно и контроверзно Гебелс – таткото на модерната пропаганда да стои со слика и цитат на страница посветена за политички студии, за луѓе – политолози, кои тоа претходно добро го свариле и за кои Гебелс е на исто рамниште со еден Макијавели и со еден Наполеон Бонапарта на пример.

    Како што и самиот рекол: „Вистината не постои. Вистина е она во што ќе одберете да верувате!“

  4. Stefan od Ohrid says:

    2 февруари 2013at 17:00(#)

    Kako e da e, no ako e taka loso i se pisuva na Makedonija i na Makedoncite. A, vo toj slucaj, krajot e blizu…

  5. М.К. says:

    2 февруари 2013at 17:24(#)

    Да се види и другата страна, да се разбере и другата вистина, а не само да се голта тоа што е веќе сервирано од други не претставува никакво злосторство во векот кој го живееме. Сликата и мислата на Гебелс погоре не мора да значи одобрување туку како не треба. Ми е жал за авторот на текстот од МОФ. п.с: види, проучи, размисли па напиши текст. Те сака М.К.

  6. антифашист says:

    2 февруари 2013at 17:48(#)

    Која друга страна? Која друга вистина? Вистината е дека сте постирале цитат и слика од нацист. Уште па си наоѓаат оправдување.

  7. M.K. says:

    3 февруари 2013at 04:29(#)

    Јас не постирав ништо ниту пак се правдам(никогаш во животот)и читај убаво. Реков дека можеби колегата сакал да ни показе како не треба. Види, прочитај, размисли па потоа суди и коментирај. Ве сака и ве почитува М.К.

  8. Маја Здравковска says:

    5 февруари 2013at 03:04(#)

    Радио МОФ, наместо да промовирате критичко размислување и отворена дебата (како што наводно се залагате), вие се ставате во служба на едноумието и ретроградноста, новинарскиот аматеризам и голата борба за објава на информација, колку и таа да е ступидна, небитна, перфидна, и секако во Вашиот случај тотално извадена од контекст!

    Како ќе докажете дека сте релевантен младински фактор (ако тоа ви е целта?) после ваква непрофесионална вест!?

    Дали сте свесни дека со ваквите ваши објави повеќе одмагате отколку што (мислите дека) помагате?

    Поздрав, во иднина не би сакала да читам повеќе вакви глупости на Вашата страна која на почетокот ми беше сосема океј, па дури и напредна за доста работи :D

Оставете Коментар


Слушај со Windows Media Player Слушај со Winamp Слушај со BSplayer Слушај со Foobar




Кликнете на портокаловото копче за слушање. Алтернативно - слушајте Радио МОФ со некој од плеерите погоре.

Биди дел од Радио МОФ, закачи се:

Слушајте на Радио МОФ!

04:00 – 07:00 Ноќна програма

07:00 – 08:00 Ambient

08:00 – 10:00 Lounge Chill

10:00 – 12:00 Утринска програма на Радио МОФ

12:00 – 13:15 The kids are alright – Радио хитови

13:15 – 13:30 Часови по тактологија ( вести)

13:30 – 16:00 The kids are alright – Радио хитови

16:00 – 17:15 Urban Beats

17:15 – 17:30 Часови по тактологија ( вести)

17:30 – 18:00 Urban Beats

18:00 – 19:00 Временски Патници (музичка емисија)

19:00 – 21:00 Hip Hop

21:00 – 00:00 Woob Woob



Биди ни пријател

Следи не на Twitter

Фотографии

Радио Слободна Европа