Обновено: Јајца, камења и скршени прозорци на канцеларијата на Иванов

Со јајца, но и со некој камен, демонстрантите кои излегоа на протест против одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да потпише аболиција за сите политичари против кои се води истрага, почнаа да фрлаат кон Народната канцеларија на Иванов.

„Нема правда, нема мир“, извикуваат оние кои во моментов стојат пред канцеларијата и бараат оставка од претседателот. Неколкумина од нив ја запалија и фрлија сликата со ликот на Иванов, а скршени се и прозорците од канцеларијата.

Силен полициски кордон ја штити Народната канцеларија. Улицата е блокирана.

Протестот започна во 6 часот, пред Специјалното јавно обвинителство, а треба да продолжи кон Собранието. За таму пак на контра-протест, ама исто така против одлуката на Ѓорге Иванов за аболиција упати Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) бидејќи биле незадоволни што Иванов го аболицирал и Зоран Заев.