Извидничкиот центар Охрид ги отвара вратите за сите оние кои имаат потреба од преноќувалиште поради денешниот силен земјотрес од 5 степени според Рихтер.
Сместувањето е во шатори со обезбедени подметачи и вреќи за спиење.
Во текот на изминативе две недели во охридското епицентрално подрачје забележани се над 800 послаби потреси. Денеска е регистриран најсилниот во 13:18 часот, по што следуваа уште неколку, но послаби. Претходно, со јачина од 3,7 степени, по Рихтер, беше регистриран утрово во 3:54 часот.