[Интервју] Правна клиника во Загреб – студентите решија три илјади случаи за три години

Три илјади решени случаи за само три години е билансот од функционирањето на Правната клиника во Загреб, каде што волонтираат студентите по право и бесплатно им помагаат на граѓаните да ја истераат правдата или да решат некој правен проблем. Концептот е лесно применлив, ефикасен, а корист имаат и студентите кои добиваат пракса, но и хрватските граѓани. За начинот на функционирање на Правната клиника, плановите и досегашните успеси, во интервју за Радио МОФ раскажува студентката Мартина Бартол Хеџет.

[Интервју] Правна клиника во Загреб - студентите решија три илјади случаи за три години

Што е „Правна клиника“?

Правна клиника е единица на Правниот факултет во состав на Универзитетот во Загреб во која студентите даваат бесплатна правна помош на граѓаните на кои таа им е потребна. Водена е од страна на професорот Алан Узелац, а има двојнa цел. Од една страна, студентите го стекнуваат непосредното искуство и практична вештина, а од друга им помагаат на оние на кои им е најпотребен овој вид помош.

Клиниката е прв облик на настава на Универзитот во Загреб каде студентите активно, континуирано, самостојно и тимски пружаат правна помош првично на луѓе со послаб имотен статус и ранливите социјални групи. Во таа смисла Правната клиника им дава на граѓаните општи правни информации,  правни совети и помага во изработка на документи за различни видови процедури. Покрај тоа, Клиниката се бави и со правно-политички теми кои обработуваат поединечни прашања, свесност за проблемите и  застапување реформи.

Во Правната клиника студентите се поделени по групи во зависност од тоа кое подрачје на правото групата го покрива. Моментално, Правната клиника брои 117 студенти – волонтери.

Како фукционира самата Клиника?

[Интервју] Правна клиника во Загреб - студентите решија три илјади случаи за три годиниПринципот на работа на Правната клиника се заснова на работа со странки, односно корисници на бесплатна правна помош кои во Правната клиника доаѓаат по бесплатни правни совети. Тие на студентите им го изложуваат својот правен проблем и документацијата  важна за решавање на нивниот случај. Потоа студентот кој го презема случајот ги истражува сите релевантни правни извори и за тој случај ја известува групата на која тој студент – известувач припаѓа. Така направеното правно мислење прво го прегледува студентскиот ментор. Откако ќе го одобри подготвено е за испраќање на  проверка кај академскиот ментор. Академските ментори се дипломирани правници и доценти на Правниот факултет кои го прегледуваат правното мислење и го одобруваат.  Кога тие ќе го прегледаат ова мислење и потпишат, тоа е подготвено да им се предаде на странките со детално објаснување од страна на студентот кој го напишал тоа правно мислење.

Кои се луѓето кои волонтираат во Правната клиника и кој се може да се обрати во неа?

Клиничарите се студенти од повисоките година на Правниот факутет во Загреб со изразена социјална нота. Да станеш клиничар освен што е потребен одреден степен на знаење и можност за снаоѓање во правните прописи, важно е и личноста да е мотивирана за помаѓање на другите и да е способна да го користи подрачјето во кое кандидатот би сакал да делува. Наведеното се покажа како успешен рецепт од година во година кога се одбира нова генерација клиничари. Правната клиника не е само место каде што студентите волонтираат. Таа е исто така и место каде клиничарите разменуваат искуства и ствараат меѓусебни пријателства за цел живот. Работното време на Правната клиника е секој ден од 10 до 12 часот и среда и четврток од 17 до 19 часот. Вторник наутро и четврток попладне се отворени денови кога не е потребно посебно да се закажува за термин.

Студентите решија три илјади случаи за три години, како успеавте во тоа?

Не постои единствен одговор на тоа прашање. Ние би рекле дека одговор лежи во комбинација од веќе наведеното. Многу труд, време, мотивација, желба и меѓусебно помагање и комуникација е нашата тајна за успехот.

Како успевате да ги задржите студентите-волонтери? Кој ви помага во работата?

[Интервју] Правна клиника во Загреб - студентите решија три илјади случаи за три годиниСтудентите го сакаат концептот на Правната клиника. Иако волотирањето одзема доста време, атмосферата која владее во нашиот мал простор на „Ткалчичева“ 48-50 е незаменлива. Секој студент кој во еден момент бил клиничар  ќе ви каже дека екстремно профитирал волонтирајќи како професионално, така и приватно. Заради тоа повеќето клиничари и откако ќе одработат еден семестар во Правната клиника со задоволство остануваат нејзини членови. На тоа сме многу горди. На клиничарите во работата со советувањето им помагаат академски ментори – соработници, асистенти и професори. Клиниката има развиена мрежа соработници и партнери со граѓанските организации.

Дали постои некој случај кој сте го добиле и на кој сте многу горди? Каква е структурата на предметите што ви доаѓаат?

Предметите, во кои сме им помогнале на граѓаните кои биле на работ на егзистенција најмногу остануваат во нашата меморија, и на нив сме најгорди. Секој клиничар има засебен случај кој му е особено истакнат во меморијата. На луѓето во невоља секоја помош им е вредна злато, и тоа е непроценливо. Понекогаш на странките им е доволно што некој само ги сослушал. Најмногу предмети што доаѓаат во Правната клиника се однесуваат на спроведување на правата на работниците иако сите гранки на правото се застапени.

[Интервју] Правна клиника во Загреб - студентите решија три илјади случаи за три години

Кои се вашите цели и планови за 2014 година?

Нашите планови од година во година се скромни. Сакаме и понатаму да се развиваме и да им помагаме на луѓето. Сакаме да оствариме многу нови проекти, како и да продолжиме со старите и со тоа да бидеме пример на целото општество. Освен што се занимаваме со пружање бесплатна помош во Загреб, смисливме и проект за Надворешни клиники во ссостав на кои клиничарите патуваат по други градови во Република Хрватска и пружаат бесплатна правна помош на граѓаните што не можат да дојдат до нашите канцеларии во Загреб.

Исто така го издаваме “Pro bono” – Билтенот на Правната клиника. “Pro bono” службено гласи “Весник на правната клиника на Правниот факултет – Загреб” кое прв пат е испечатено во септември 2012. Билтенот од тогаш, излегува два пати годишно односно еднаш семестрално. Уредништвото се состои од од студенти-волонтери на Правната клиника кои со својата работа остварија поголеми резултати. Од позначајните успеси кои уреднишвото ги остварило во својата кратка, но плодна работа се прием во канцеларијата на претседателот на Република Хрватска и соработката со градот Загреб на чело со градоначалникот Милан Бандиќ. Самото списание е поделено на 5 целини кои се осмислени на начин за граѓаните на Хрватска да се запознаат со со системот правна помош и со положбата и улогата на Правната клиника во Загреб во состав на системот. Списанието се финансира исклучиво од средства кои се донирани за таа цел и е бесплатно.

Која е главната порака која сакате да им ја пренесете на граѓаните и младите?

Денес повеќе отколку било кога претходно вреди концептот на доживотното учење и усовршување. Изборот да бидиш волонтер не би требало да биде одберем од чувството на должност, туку од желбата. Секој од нас има некоја вештина која сака да ја корист, и па зошто да не ги искористите за волонтирање? Ако сакате нови искуства или вештини, волонтирањето е одличен начин да ги постигнете истите. Никој не очекува од поединци преку ноќ да го променат целиот свет. Почнете полека. Доколку ги следите овие неколку едноставни правила волонтирање, чувството на задоволство нема да изостане.

Дамјан Коложег