Индонезиската полиција уапси повеќе од 140 мажи на „геј забава“

Полицијата на Индонезија уапси околу 140 геј мажи во неделата навечер, на наводна „геј сауна“ забава во главниот град Џакарта. Масовното апсење се случи само два дена пред хомосексуален пар да биде јавно тепан со стап поради истополови сексуални односи.

Властите извршиле рација на забавата, која се рекламирала како „Дива забава“, а се одржа во сауна во неделата навечер.

Портпаролот на полицијата Агус Јувоно потврди дека 141 маж, вклучително и сопственикот на локалот и изведувачите, биле приведени на распит и можат да бидат обвинети според индонезискиот закон за порнографија.

Хомосексуалноста не е нелегална во Индонезија, но во изминатите 18 месеци ЛГБТ заедницата беше предмет не досега невиден бран на дискриминација и напади, предизвикани од повеќе контроверзни коментари на конзервативните владини министри.

Минатиот месец, полицијата апсеше и на собир на геј мажи во хотел во Сурабаја, откако ги пријавиле соседите. Четиринаесет мажи беа уапсени и принудени да направат ХИВ тестови.

Двајца мажи беа исто така уапсени во Банда Ацех во март, и беа обвинети за содомија според шеријатското право, кое владее во провинцијата. Мажите беа уапсени на 85 удари со стап, кои ќе бидат спроведени во јавност во вторник.

Јулита Рустинавати од ЛГБТ активистичката грпа Арус Пеланги, вели дека иако деталите за вчерашните апсења се нејасни, апсењата се веројатно дел од растечкиот тренд на нетолерантност кон ЛГБТ заедницата во најголемата нација составена претежно од муслимани.

„Расте со години. Лошо е за демократијата, за слободата на изразување и слободата на здружување. Не сме сигурни што владата сака да постигне. Ние сме квир, и нема да си одиме“, вели таа.