И средношколците од Дебар се приклучуваат на протестите

Средношколскиот пленум ќе организира протести против измените во полагањето државна матура овој понеделник, соопштија од дебарскиот огранок на Пленумот. Збирно место на протестот ќе биде дворот на гимназијата “Здравко Чочковски”.

Изминатата недела, на протестни маршови излегоа илјадници средношколци во повеќе македонски градови, кои се незадоволни од новиот модел на матурата, против воведувањето на математиката како задолжителен предмет за полагање, а бараат и да се укине екстерното оценување.