Гледајте го финалето на Светското првенство во дебата 2013 во живо

1085360_597213793663642_1538528256_nДенес, во 14:30 ќе започне финалето на кое ќе се натпреваруваат двата најдобри дебатни тимови за оваа година, и ќе може да се следи во живо на видео преносот кој го обезбеди тимот на Радио МОФ.

Најдобрите дебатери на IDEA Global Youth Forum ќе судрат ставови и аргументи на тезата “Универзитетите треба да ги направат достапни за општата јавност сите академски дела кои ги произведуваат, вклучувајќи академски трудови, учебници и снимени предавања”.

2Тимот на МОФ Македонија, составен од Филип Бујароски, Симона Сарафиновска и Петар Ивановски, се пласираше во четвртина финалето и без ниту една изгубена дебата и со тоа го постигна најголемиот успех на светско ниво на македонските дебатери средношколци. Дебатираа против тимот од Литванија и изгубија со одлука 3:2, а ваква „поделена одлука“ на судиите во дебата укажува на неизвесна дебата каде двата тима биле многу блиску.

Во полуфиналето се дебатираше на тезата „Edward Snowden was right to blow the whistle“.

Полуфиналните дебати беа помеѓу тимовите AofHL Б и Литванија и Пакистан Б и Естонија.

В3о четврт финалето се дебатираше на тезата „Заобиколување на интернет цензура е легитимна алатка за надворешна политика на државите.“  Во четврт финалните дебати, се сретнаа тимовите:  AofHL Б против тимот 36, Пакистан А против Естонија, Северна Америка против Пакистан Б, МОФ Македонија против Литванија.

На овогодинешното светско дебатно првенство кое се одржува од 13ти до 26ти август во Гејлвеј, Р.Ирска, учествуваат повеќе од 200 млади од педесетина земји ширум светот. Во рамките на овој Форум, секоја година се одржува Светското дебатно првенство за средношколци во Карл Попер формат. Оваа година 36 тимови се борат за титулата „најдобар дебатен тим на светско ниво“.

Тимот на Радио МОФ овозможи видео стрим на полуфиналните дебати. Приклучете се овде за да ги следите.
http://youthforum.idebate.org/streaming/live

 

Текст и фото: Јована Ѓорѓиовска