[Галерија] Средношколците се собраа пред гимназијата „Орце Николов“

„Сакаме избор“, „Преку матурава“ извикуваат средношколците од повеќе скопски училишта кои со кренати транспаренти во рацете се собраа пред гимназијата „Орце Николов“, револтирани од последните реформите во средното образование. Како што јавува репортерката на Радио МОФ, поддршка на учениците им даваат и професорите, а присутни се ученици од училиштата „Здравко Цветковски“, „Ѓорѓи Димитров“, „Никола Карев“, но и „Јосип Броз Тито“.

Протестниот марш тргна од градежно училиште „Здравко Цветковски“, за да продолжи како мирен собир пред гимназијата „Орце Николов“. Според најавите, денешниот марш треба да заврши во Градскиот парк.