[Фото] Стотици средношколци маршираа низ Тетово

Гоелм број средношколци, кој настава следат на македонски и албански јазик, денеска по трет пат кажаа „Не“ на како што велат, лошите реформи во образованието. Со двојазични пораки Средношколскиот Пленум маршираше низ градот ги исвиркаа лошите реформи во образованието, јавува bulevar.info.

Присутните се собраа на плоштадот во градот и преку централното градско подрајче, се упатија во централната гимназија. Средношколците маршираа за укинување на екстерното тестирање и враќање на стариот модел на државна матура.

Пленумот во Тетово организираше два маршеви, а бојкотот според најавите ќе продолжи сè до исполнувањето на барањата.