[Фото] Протестен марш на средношколците во Дебар

Средношколците во Дебар денеска напладне организираа протестен марш во рамките на Средношколскиот Пленум. Тие  се собраа пред гимназијата „Здравко Чочковски“, по што маршираа до градскиот плоштад. Со паролите „Не за математика“, „Стоп за лошите реформи“, „Имам став, немам страв” младите го искажаа својот револт против задолжителното полагање на математика на државна матура.

На протестите, како што информираат од Средношколскиот пленум во Дебар, присутни беа околу 400 ученици кои наставата ја следат на македонски и албански јазик.