[Фото] Пожарот уништи сè, „Гоце Делчев“ ќе се реновира

Црнила и мирис на чад, тоа е се што остана од опожарените соби во студентскиот дом „Гоце Делчев“. Од собата во која пред два дена избувна пожарот изгорено е буквално сè, а вчера цел ден се работеше на дорасчистување на пеплосаните остатоци.

Од Студентскиот Парламент денеска им доделија помош на своите колеги чии лични предмети во изгореа во огнот. Донации се собираа и од студенти и компаниите што сакаат да помогнат.

Два дена по пожарот, Премиерот Никола Груевски најави дека ова лето ќе се прави реконструкцијата на опожарениот блок во студентскиот дом „Гоце Делчев“, која веќе била планирана. Наскоро ќе биде објавен и тендер за идејно решение за изградба на нов студентски дом во „Медицинар“, информираше Премиерот, а старите бараки ќе бидат заменети со објект од цврста градба. Според Груевски,  за реконструкција и изградба на училишта државата ќе потроши нови 11 милиони евра.

„Гоце Делчев“ и „Медицинар“, се убедливо двата студентските домови во најлоша состојба. Влагата, ладните соби, распаднатите тоалети се секојдневие за околу 1500 млади луѓе. Пожарот во „Гоце Делчев“ само дополнително ги вознемири студентите. Тие сега прашуваат, дали требаше да избие пожар за да се отворат очите на надлежните и да видат во какви услови живеат идите академски граѓани.

Репортерот на МОФ и денеска беше во студентскиот дом „Гоце Делчев“. Ова се дел од фотографиите снимени два дена по пожарот.

[Фото] Пожарот уништи се, „Гоце Делчев“ ќе се реновира

[Фото] Пожарот уништи се, „Гоце Делчев“ ќе се реновира

[Фото] Пожарот уништи се, „Гоце Делчев“ ќе се реновира

[Фото] Пожарот уништи се, „Гоце Делчев“ ќе се реновира

[Фото] Пожарот уништи се, „Гоце Делчев“ ќе се реновира

[Фото] Пожарот уништи се, „Гоце Делчев“ ќе се реновира

Фото: Д.Т.