[Фото] Поддршка за Пленумци од Штип: Нè има и на УГД

Со транспаренти „Не биди амеба, покажи став“, „Разбуди се!Да не биде доцна“, „Нè има и на УГД#ПоздравПленумци“, но и со скриени лица, студенти од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип денеска го изразија своето незадоволство од воведувањето на новите законски реформи во високото образовние.

Во соопштение испратено до медиумите, тие објаснуваат дека чуствуваат страв гласно да го кажат тоа што не им се допаѓа и поради тоа нивните лица се покриени со испишаните пораки.

„Студентите на УГД имаат страв од тоа дека ако ги има на слика против законските реформи, тие ќе имаат проблеми кај одредени професори на факултет, ќе паднат на испит. Сакаме нашите колеги пленумци да знаат дека ја имаат нашата подршка уште од самиот почеток (со тоа што протестиравме со нив на мирните протести пред МОН)“, посочуваат штипските студенти.