[Фото] „Оди си Никола“ – граѓаните со бучава му порачаа на Груевски да поднесе оставка

Со заглушувачка бучава од стотици тенџериња, тави, други метални предмети и пластични свирки, голем број граѓани попладнево маршираа од пред Владата до домот на премиерот Никола Груевски, за да му пренесат порака да даде оставка од функцијата.

[Фото] „Оди си Никола“ - граѓаните со бучава му порачаа на Груевски да поднесе оставка

[Фото] „Оди си Никола“ - граѓаните со бучава му порачаа на Груевски да поднесе оставка

Со извици „оставка, оставка“, граѓаните пристигнаа пред зградата во која живее премиерот, но таму, како и во претходните протести беа запрени од кордон со полицајци, кои не им дозволија да се приближат. Организаторите на протестот во близина поставија бина, од која на граѓаните им се обратија повеќе граѓански активисти и политичари.

[Фото] „Оди си Никола“ - граѓаните со бучава му порачаа на Груевски да поднесе оставка

„Излези на терасите за да видиш што стана со твојот народ. Излези за да ја видиш твојата уништена македонска раса. Излези, Николае, да ги видиш нашите празни трпези, нашите празни тенџериња. Излези да видиш што направи од оваа Македонија. Ни ги испразни џебовите и срцата, а сакаш да ни ги наполниш душите со омраза, со страв и бес. Излези со своите Жулиети, Тачи и Ахмети. Излези да видиш како додека ти даваше субвенции, се испразнија руралните населби, народот се иссели. Нема да ви помине, нема веќе за тебе власт, оди си!“, му се обрати на Груевски активистот Петрит Сарачини.

[Фото] „Оди си Никола“ - граѓаните со бучава му порачаа на Груевски да поднесе оставка

„Еве сме, Никола, дојдовме, сечени, лепени, монтирани и креирани. Тука сме, твоите комуњари, човечиња, индијанци. Дојдовме да ти кажеме – готовио е! Овде дојдоа твои граѓани – активисти, Македонци и Албанци, граѓани на Македонија. Дојдовме овде со чисти тенџериња и тавчиња, бидејќи сме домаќини. Твоите манџи и запршки се завршена работа. Девет години се обидуваш да влезеш во историјата. Ја уништи иднината на нашите деца, но ќе останеш запаметен за пример како маргиналец стануа криминалец и ништо друго. Готово е, заминуваш, ти си историја. Спаси го овој народ, ако навистина мислиш дека толку те сака народот, дај оставка, па преодна влада нека ги организира изборите, па таму ќе ти кажат колку те сакаат. Немој да се силиш со избори, немој да ти забегува умот дека можеш да организираш избори“, рече од говорницата Петре Шилегов од СДСМ.

bpr-9

bpr-8

bpr-7

bpr-6

bpr-4

Емилија Петреска