[Фото] Марш низ скопските улици против скратениот буџет и заканите од ХИВ епидемија

„Стратегија нема, ХИВ ќе има“, „Во името на сексот, сидата и епидемијата – Амин“, „860 нови инфекции без превентивна програма“, „Шизик си е шизик, а ризик без превентивни програми е ризик“…

Ова се дел од пораките и транспарентите кои можат да се забележат на денешниот протестен марш, преку кој  граѓани и активисти од Платфотмата за ХИВ изразуваат незадоволство за кратењето на буџетот за националната програма за ХИВ. Исторемено, даваат поддршка за лицата кои живеат со ХИВ, и со минута молчење оддадоа и почит на лицата кои ги изгубиле животите од СИДА.

3

Собирот започна од 11:30 часот од Паркот на новинарите, по што граѓаните маршот го продолжија кон Министерството за здравство. На крајот маршот завршува на централниот плоштад „Македонија“, каде е поставена симболична порака со натпис „СИДА/ХИВ“.

Протестниот марш се одвива на 1 декември, Меѓународниот ден за борба против СИДА.