[Фото] Македонците во Вашингтон протестираа пред Амбасадата

Македонци иселени во Вашингтон денес протестираа пред Амбасадата на Македонија, во знак на поддршка за своите сограѓани кои протестираат за владеењето на правото и демократијата во Македонија.

„Ги поддржуваме нашите сограѓани во нивните барања – оставка на претседателот Иванов, отпочнување на процес за избор на експертска влада и итно суспендирање на отпочнатиот процес за одржување на избори во јуни.

Ние како граѓани на Република Македонија во дијаспората имаме одговорност јасно и гласно да го изразиме нашето незадоволство од ситуацијата во Македонија“, пишува на Фејсбук Алексеј Демјански, Македонец во Вашингтон.

Тој упатува и апел до сите сограѓани кои не излегле на протест, да го направат тоа и да не даваат друг да им ја крои иднината.