[Фото] И средношколците во Охрид ја бојкотираат наставата

Средношколците од трета и четврта година во охридската гимназија „Свети Климент Охридски“, како и од средното економско училиште, денеска ја бојкотираа наставата барајќи да се врати стариот концепт на полагање државна матура, пренесува Ohrid Press.

Најголемиот дел од нив, наместо во училишните клупи времето за часови го минуваат во дворот на училиштето со што им се приклучија на нивните соученици во Скопје и во Тетово.

„Новиот концепт на полагање на државната матура негативно се одразува и врз сегашните матуранти и врз идните, и не придонесува за повисок квалитет и повисоки знаења. Тука е вклучено електронското полагање и полагањето во седум дена кое за нас е многу напорно, несигурно и неприфатливо“, изјави Емилија Костоска, ученичка во оваа гимназија.

Тие велат дека додека не бидат сослушани и не се прифатат барањата на Средношколскиот пленум ќе ја бојкотираат наставата. Како што информираат, денеска ги доставиле барањата до директорот на гимназијата од каде очекуваат одговор.

Средно економско училиште – Охрид