[Фото] Граѓани во германскиот град Хале имаа заеднички појадок со мигрантите

Околу 1.200 граѓани во германскиот град Хале заеднички појадуваа со бегалците во овој град.

Оваа реакција е своевиден протест на жителите против ксенофобичната политика на Народната демократска партија.Тие поставија маси со храна на централниот плоштад и ги поканија сите граѓани и бегалци заедно да им се придружат на појадок.

Жителите на овој начин сакаат да се дистанцираат од политиките на Народната демократска партија и нејзините членови, и да покажат разбирање кон луѓето кои се принудени да ги напуштат своите домови зафатени од војната.

Десничарската Национална демократска партија организираше протести поради плановите за поранешна продавница за техничка опрема во Хајден да се користи како простор за сместување на барателите на азил. Неколку стотици демонстранти го блокираа вчера патот кој води до местото каде што ќе се гради засолништето за бегалците, а полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата.

Германија прифати десетици илјади бегалци кои пристигнуваат секој месец, во најголем дел од земјите на Блискиот Исток. Според последните податоци, се очекува дека оваа година во Германија ќе пристигнат околу 800.000 мигранти.

Извор: B92