[Фото] Голем број содржински и технички грешки во екстерното

Екстерното тестирање, кое веќе трет ден се спроведува во основните и средните училишта, изобилува со голем број содржински и технички грешки, се жалат наставниците и учениците.

[Фото] Голем број содржински и технички грешки во екстерното

На неколку од фотографиите кои до нас ги испратија наставници, а дел се појавија и на социјалните мрежи, се гледаат прашања кои се поставени на тестирањето, кои се погрешни, немаат никаква логика, а некои дури и имаат само една опција за одговор, додека останатите полиња се празни.

[Фото] Голем број содржински и технички грешки во екстерното

Професорот Владо Димовски од Наставничкиот пленум вели дека екстерното оценување годинава има голем број грешки, кои постојано се повторуваат. Според него, годинава се одвива најлошто екстерно оценување, откако е започнат проектот, кој од самиот старт го следат бројни критики во јавноста.

„Одговорите предвреме беа познати, го направија колку да се направи проектот, екстерно про форма и колку да биде направено, не помага во ништо, за жал дури и одмага“, вели Димовски за Радио МОФ.

Од Средношколскиот пленум исто така реагираа дека екстерното тестирање, за кое секоја година од Министерството за образование и наука велат дека поминало во најдобар ред, станува сè поапсурдно.

[Фото] Голем број содржински и технички грешки во екстерното

[Фото] Голем број содржински и технички грешки во екстерното

„Господа од МОН, еве ви и доказ дека ова не функционира онака како што сакате и како што сте замислиле. Прашања без понудени одговори, прашања со ниеден точен понуден одговор, одговори без прашања се само дел од проблемите на кои наидуваат учениците кои го полагаат ова тестирање. Најжалното од сè, ова се само дел од проблемите на кои се наидува, а ова се само два фатени моменти на пропусти, а несомнено ги има безброј. Зарем не ви е срам, поради ваши грешки, поради вашата неспособност учениците да се оштетени, зарем не ви е срам што со ова ги деградирате посветеноста и знаењето што учениците го стекнуваат преку целата учебна година, активно девет месеци?“, велат од пленумот.

Од министерството засега не се достапни за коментар за пропустите во екстерното оценување на кои се жалат учениците и наставниците. На првиот ден од екстерното оценување, министерот Абдилаќим Адеми изјави дека екстерното оценување започнало без проблеми, а доколку се појават некои технички проблеми ќе се надминат од страна на Државниот испитен центар и другите вклучени во процесот.

К.О.