[Фото] Герила-акција во Струмица: Внимавај, расклатени плочки – општествена неодговорност!

„Се клаце“, „Внимавај, расклатени плочки“, „Не гази со високи штикли“, „Внимавај, општествена неодговорност!“… се дел од натписите кои „изникнаа“ на плочникот на централниот плоштад во Струмица.

Герила-акцијата е на активистите од „Урбани уметнички акции“ кои потенцираат дека општината се обидува да го поправи плочникот. Меѓутоа, наместо целосно и трајно решение, велат тие, надлежните општински служби со денови го крпат плочникот кој е во катастрофална состојба.

„Колку ќе траат крпаниците ќе видиме. До тогаш наша поддршка за граѓаните на Струмица“, велат активистите.