[Фото] Четири јавачи на коњи поставени во Темза предупредуваат за климатските промени

Месецов во Темза беа поставени четири бели скулптури на јавачи на коњи во реката, појавувајќи се и исчезнувајќи како што нивото на реката расте и се намалува.

Фигурите се дело на британскиот уметник Jason deCaires Taylor, кој на светската публика и е познат по своите подводни скулптури во Канкун. Неговите нови дела служат како потсетник за опасностите кои ги претставуваат климатските промени.

Уметничката инсталација наречена The Rising Tide e поставена во близина на мостот Воксал. Направени се користејќи цементо, а прикажуваат средовечни политичари, кои ги претставуваат класите, додека коњите се симбол за апокалипсата и наместо глава, имаат пумпи за нафта.

Скулптурите ќе бидат поставени во реката целиот месец.