Целосната програма за „Д Фестивал“ во Дојран

На три сцени, со повеќе од 30 артисти, бендови и многу диџеи, за седум дена започнува тридневниот Д Фестивал во Дојран. Главната програма ќе се случува на паркингот Гранит, непосредно пред влезот на Стар Дојран. Тука ќе биде поставена голема сцена на која програмата ќе се одвива по следниов редослед:

Паркинг ќе има веднаш до главната сцена на Д Фестивал. Кампот се отвора на 16 јули и е лоциран во прекрасниот парк на влезот во Стар Дојран, кај општината.Тој ќе биде ограден, ќе има тушеви, тоалети, безжичен интернет, пункт за полнење телефони….

Москито стејџ е втората фестивалска сцена, сместена во кампот, која што ќе има своја супер програма во сабота и недела, т.е. 18-ти и 19-ти. Распоредот на бендовите на “Комарецот” е следен:

Третиот стејџ е сместен на едниот крај од кампот, а за програмата ќе се грижат неколку десетици диџеи.

Организаторите ја најавуваат и богатата дополнителна програма. Во Граѓанската зона за акција се вклучени речиси 20 организации, формални и неформални групи кои ќе се претстават преку работилници, дебати, презентации, изложби, поетски читања, проекции, дискусии. Во кампот ќе има свежо приготвено кафе, цедени сокови, храна со месо и без, трамполини, друштвени игри, па и Плеј Стејшн. Ќе се прават суканици, ќе се изработува накит, маички…За посетителите е обезбеден и организиран превоз , а во Дојран бесплатно ќе се изнајмуваат и точаци.

Како што информираат организаторите, се уште се достапни за купување картите по промотивна цена од 600 денари за тридневната фестивалска влезница плус со простор за камп. Дневните влезници за петок и сабота (17-ти и 18-ти) чинат 250, а за недела (19-ти) се 350 денари. Од 17-ти јули, фестивалската карта ќе чини 800 денари, а дневните влезници 100 денари повеќе.