Илјадници британски тинејџери ќе учат сајбер безбедност, со цел да се зголемат одбранбените сили на Велика Британија против растечката закана на онлајн нападите.
Новата програма именувана Сајбер училишта има за цел да ги научи средношколците на некои од вештините кои би им требале за да помогнат во одбраната на британските бизниси и институциите против онлајн заканите.
Обвиненијата за руското влијание во изборите во САД и „сајбер војната“, како и шпионажата на Кина предизвикаа нови стравови од заканата која ја поставува хакирањето.
ИСИС и другите терористички групи исто така инвестираат во свои сајбер гранки, а исламистички хакерски групи како онаа која неодамна го хакираше британскиот Национален здравствен сервис се појавуваат во се поголем број низ светот.
Затоа, владата на Обединетото Кралство сега има за цел да обезбеди одредени вештини за младите, за да се намалат грижите за штетата која хакерите или терористите би можеле да ја нанесат на економијата или инфраструктурата.
Министрите ќе одделат околу 20 милиони фунти од буџетот за вонредни наставни сесии, на кои ќе предаваат експерти кои ќе ги учат, тестираат и тренираат селектираните тинејџери напредни во компјутерската наука.
„Сајбер курикулумот“ ќе се одвива во училиштата, но и преку онлајн часови со вистински предизвици.