Боја за Собранието, Шарената револуција продолжува низ цела Македонија

Илјадници граѓани и вечерва учествуваат на протестниот собир на движењето #Протестирам во Скопје. Откако граѓаните дојдоа пред Собранието на Република Македонија и ја испишаа пораката „Ма какво распуштање, нема опуштање“ и порачаа: „Собрание, собери се“, неколкумина демонстранти со помош на голем чатал го гаѓаа Собранието со боја, при што неколку балони завршија во фасадата на зградата. Истовремено, се пуштаа аудиоснимки, ткн. „бомби“ околу изборните нерегуларности.

Пред присутните се обратија Борјан Ѓузелов, Гордан Калајџиев и Едмонд Адеми.

По ова, демонстрантите се упатија кон Министерството за надворешни работи, по што, под мостот „Гоце Делчев“ запалија десетици разнобојни факели.

prfe-2

prfe-3

Шарената револуцаиј вечерва не ја одмина и Владата, каде активисти испишаа голем шарен графит „Владо мори душманке“ на улицата „Илинденска“.

dusm

Протести денеска се одржаа и во Кочани, Крива Паланка,Битола, Струмица и Кичево, како и за првпат во Виница.