„Беј д фиш“ вечерва со проштален концерт во Сити хол

Еден од најавтентичните музички бендови во Македонија „Беј д фиш“ вечерва со почеток во 22 часот, ќе го одржи својот последен концерт со што ќе ја заокружи 12 годишната кариера.

„Беј д фиш“ вечерва со проштален концерт во Сити хол

На концертот според најавите ќе бидат соопштени и причините кои стојат зад оваа одлука на бендот. Концертот ќе се одржи во Сити Хол Центар, а од бендот најавуваат, интимна и емотивна атмосфера пропратена од нивната единствена музичка фузија на акустични инструменти, електроника и модерни зачини од природен поп.

„Беј д фиш“ зад себе има направено пет студиски албуми и безброј извонредни настапи во републикава и регионот. Со нивниот уникатен стил кој беше граден низ годините, тие издадоа хитови како: „When he was young“, „French cheese“, „True story“, „Livin in a box“, „Ideal woman“, “Instant generation”.

Почетокот на настанот е предвиден за 22 часот, со диџеј сет на Dj Lepi Xhoni (The John). Картите се пуштени во претпродажба по промотивна цена од 200МКД во Сити Хол Центар, Custom Pub, Љубов и Happy cafe.