Популарното телевизиско автомобилско шоу „Top Gear“ остана без својот најпопуларен водител, Jeremy Clarkson, откако британскиот национален сервис BBC, во чија продукција е емисијата, го суспендира водителот поради инцидент во кој бил вмешан еден од продуцентите.
Преостанатите три епизоди од оваа сезона на „Тop Gear“, закажани за идните две недели, се откажуваат, а никој друг освен Clarkson не е суспендиран, соопшти BBC.
Clarkson, најдобро платениот водител на една емисија на BBC, има долга историја на проблеми со неговата матична телевизиска куќа, која неколкупати му поставуваше ултиматуми – да го поправи однесувањето или да си оди од емисијата во која се појавуваше 12 и пол години. Претходно, проблем за BBC беа расистичките, хомофобните и сексистичките изјави на Clarkson, за сега, пресудна во одлуката за суспензија да биде неговата караница (неофицијално имало и физички контакт меѓу Clarkson и продуцентот).
Познатиот водител лани заработил 600.000 фунти (850.000 евра) за својата работа на „Top Gear“. Тој не сакаше официјално да ја коментира одлуката на BBC за негова суспензија, но се појави на Твитер, каде со неговите колеги од „Top Gear“, Richard Hammond и James May се шегуваа за програмите што BBC би ги пуштил како замена за откажаните епизоди на автомобилското шоу во следните недели. Clarkson има 4.5 милиони следбеници на Твитер.
@MrJamesMay No no no. Where Eagles Dare. Much better.
— Jeremy Clarkson (@JeremyClarkson) March 10, 2015